KRYSTALINE 1

Krystaline 1 реагира со не хидрирани цементни честички, создавајќи милиони игловидни кристали длабоко во бетонската маса. Во период од недели и месеци кристалите растат, пополнувајќи ги празнините што се јавуваат во бетонот, и трајно ги спречуваат проникнувањето на вода и водорастворливи агресивни агенси во бетонот.

Подоцна, во случај на појава на пукнатини (од пластични деформации и/или сврзување), навлезената вода го активира процесот на кристализација и дополнителни кристали почнуваат да растат пополнувајќи ги пукнатините, создадената водоотпорна бариера на структурата е зачувана и заштитена. Бетонот самостојно создава водоотпорен слој и површнинска обработка не е потребна за да се постигне ефективна хидроизолација. Krystaline 1 содржи цемент Portland, специјално третиран кварцен песок и активни хемиски компоненти. Krystaline 1 се доставува во форма на прав и потребно е да се промеша со вода пред употреба.

  • Го стопира навлегувањето на вода во бетонот
  • Заменува неефективни надворешни мембрани, облоги и премази
  • Продира длабоко во бетонот и не влијае на евентуално абење или абразија
  • Самозапечатува пукнатини со дебелина на влакно
  • Се реактивира во присуство на влага
  • Хидроизолацијата се зголемува со текот на времето
  • Водоотпорност во секоја насока
  • Третманот се применува на стар или нов бетон
  • Безбеден во контакт со вода за пиење
  • Отпорен на замрзнување – затоплување
  • Ја заштитува челичната арматура од корозија
  • Ја зголемува издржливоста на бетонот со што се намалуваат трошоците за одржување и репарација
  • Фудаменти
  • Подруми
  • Тунели
  • Цевководи
  • Поморски проекти
  • Подводни работи
  • Лифтовски јадра
  • Бетонски ѕидови и плочи
  • Конструктивни споеви
  • Крајбрежни и пристанишни структури
  • Базени
  • Пречистителни станици
  • Канали
  • Резервоари за вода за пиење
  • Паркинзи

Бетоните пред да се третираат со Krystaline 1 треба да чисти и да имаат отворен капиларен систем. Пред се треба да се отстрани нечистотијата, остатоци од цементно млеко, маснотии и др. со помош на хидробластирање, пескарање или со челична четка.

Површината мора да биде водозаситена пред апликација на Krystaline 1 ( вишoкот на вода мора да е отстранет). Истурете вода во чист соодветен сад за мешање, а потоа постепено додадете го Krystaline 1 во водата со постојано мешање со мала брзина, до постигнување на густа конзистентна маса. Измешајте соодветни количини што можат да се употребат во рок од 20 min и често промешувајте ја смесата. Доколку смесата почне да се стврднува, не додавајте дополнително вода, едноставно повторно мешајте за да ја постигнете потребната конзистентност.

Сооднос на мешање при нанесување со четка:

Измешајте 5 дела од Krystaline 1 во прав со 2 дела вода волуменски, за добивање на конзистентна маса. Измешајте 3 дела прав Krystaline 1 со 1 дел вода волуменски, за добивање конзистентност при нанесување на влажни површини.

Сооднос на мешање за нанесување со распрскување:

Измешајте 4 дела Krystaline 1 во прав со 2 дела вода волуменски за нанесување со распрскување. Осигурете се областа испрскана со мешавината да биде третирана и со помош на четка за мешавината да навлезе во порите и капиларите.

Конзистентност :

Нанесете еден или два слоја (според спецификацијата) на Krystaline 1 користејќи четка или соодветна опрема за прскање. Кога се нанесуваат два слоја , вториот слој нанесете го додека првиот слој е се уште свеж.

Третман по нанесување – влажнете ја површината со распрскувач на вода 2-3 пати на ден во тек на 3 денови. Во топли или ветровити услови, потребно е површината да се третира почесто. Може да се користат и алтернативни методи, како што е покривање на површината со влажен геотекстил. Во периодот на зреење, третираната површина со Krystaline 1 мора да биде заштитена од врнежи од дожд, мраз и вода.

Krystaline 1 е ефикасен хидроизолационен систем единствено за цврсти армирани бетонски конструкции. Мора да се има во предвид дека не може да затвара пукнатини и констуктивни дилатациони фуги, кај кои има постојано или повремено движење.

ПОКРИЕНОСТ

  • 1 kg/lm се употребува за пукнатини и споеви како репарационен материјал
  • 1 kg/m² за површинска хидроизолација
  • 0.8 kg/m² за прв слој
  • 0.7 kg/m² за втор слој

Покривната површина е теоретски пресметана и зависи од условите во кој се применува.

ЧУВАЊЕ

Krystaline 1 треба да се чува на собна температура (од 5 до 35 степени), на суво и да не е изложено на директна сончева светлина. Доколку овие услови се исполнат и производот не е отворен , тогаш има рок на траење од 2 год.