KRYSTALINE BLOCK F

Krystaline BLOCK F е висококвалитетна водоотпорна армирана со фибри смеса која е специјално дизајнирана за репарација на пукнатини, дупки и споеви.

Krystaline BLOCK F се карактеризира со висока јачина и способност за брзо врзување, се користи и како замена за Krystaline Dry кога е потребна брзина во работата. Нејзината специјално дизајнирана формула со употреба на кристална технологија и хемикалии со вода формира милиони игловидни кристали. Овие кристали растат во сите правци со цел да ги пополнат капиларните пори и служат да ја блокираат водата од нејзиното навлегување.

  • Рана висока јачина
  • Многу висока адхезија
  • Има висока јакост на притисок и оптегање
  • Издржлив на хидростатски притисок
  • Не содржи корозивни хемикалии и метали
  • Безбеден при контакт со пивка вода
  • Може да се бојадиса по сушењето
  • Брз и лесен за употреба
  • Перманентна хидроизолација
  • Ја зголемува издржливоста и ги намалува трошоците за одржување и поправка
  • Супериорни перформански за високо квалитетна работа
  • Се базира на кристална технологија
  • Затвара пукнатини, отвори и споеви
  • Хидроизолира отвори во бетонски ѕидови
  • Репарира сегрегиран и оштетен бетон
  • Може да се употреби над камен или пак над материали кои не се од бетон

Krystaline BLOCK F се хомогенизира ( 3.5 делови прав и 1 дел чиста вода – волуменски) и е применува со помош на мистрија. Да не се подготвува смеса која не може да се нанесе во рок од 10 минути по мешањето.

За подлабоки празнини или нанесување во слоеви подебели од 13 mm, на Krystaline BLOCK F може да се додаде и ситна фракција од чист чакал или дробен камен 10mm (приближно 3.5 дел прав, 1.5 дел камен и 1 дел чиста вода – волуменски)

ПОКРИЕНОСТ

  • 2 kg од Krystaline BLOCK F покрива окoлу еден литар празнина
  • 1.4kg на m’ отвор 30mm длабина и 25mm ширина кога се користи како дел од систем за репарација

Покривната површина е теоретски пресметана и зависи од условите во кој се применува.

ЧУВАЊЕ

Krystaline BLOCK F треба да се чува на собна температура (од 5 до 35 степени), на суво и да не е изложено на директна сочева светлина. Доколку овие услови се исполнат и производот не е отворен, тогаш има рок на траење од 2 год.

ПАКУВАЊЕ

Krystaline BLOCK F е спакувано во канти од 20kg.