НОВА ГЕНЕРАЦИЈА КРИСТАЛИЗАЦИОНА ТЕХНОЛОГИЈА

По својата природа, бетонот е порозен материјал што овозможува да водата( и други течности) навлезат во капиларната структура. Со текот на времето и преку постојан или повремен контакт со вода или влажни површини , квалитетите на бетонот се намалуваат , со што се намалува издржливоста на структурата. Овој процес се забрзува и влошува во присуство на загадувачи од водата.

KRYSTALINE користи најнова генерација на кристална технологија за создавање траен, водоотпорен и издржлив бетон. Хидрофилната кристална технологија на KRYSTALINE, дејствува во цементната структура, образувајќи дополнителен хидрат на калциум силикат (CSH) во бетонот, што резултира со понатамошна хидратација се додека бетонот е подложен на навлегување на вода.

tech michroscope

Со помош на KRYSTALINЕ , бетонот се стекнува со само пополнување својства преку процес на автогено затварање. Кристализирачката реакција ќе остане латентна и ќе се реактивира секогаш кога водата ќе биде присутна, што ќе генерира дополнителен раст на CSH, запечатувајќи ги сите пукнатини кои може да се формираат и да се одржи структурата на бетонот, а со тоа ќе се се зголеми трајноста и издржливоста на структурата.

Производите на KRYSTALINЕ, се поделени во две категории , во зависност од нивната употреба:

Додатоци за хидроизолација на нови структури. Мешавините на KRYSTALINЕ, можат да се употребуваат за да се добијат водоотпорни бетонски конструкции, без притоа да се употребуваат физички бариери, претворувајќи го самиот бетон во ефикасна самозатварачка водоотпорна бариера. Поради каталитичката природа на хидроизолационата реакција, таа ќе остане латентна во бетонот, подготвена за реактивирање и образување на дополнителни CSH за исполнување на порите и капиларите на бетонот. Додека традиционалните методи за хидроизолација ја избегнуваат водата, ние ја сметаме за сојузник и неопходна состојка за примена на нашите производи.

Производи за репарација. За разлика од традиционалните методи кои се нанесуваат врз површината, KRYSTALINЕ продира во бетонот при што станува негов составен дел, заштитувајќи го од негативен и позитивен притисок на водата. Благодарение на неговата способност за катализирање на реакциите во внатрешноста на бетонската подлога, поправките со помош на производите на KRYSTALINЕ, траат засекогаш и функционираат онаму каде другите методи се неуспешни. Тие претставуваат лесен и економичен метод за репарација и хироизолација на постојните структури. Технологијата KRYSTALINЕ, останува латентна во бетонот и ќе реагира со вода целиот животен век на бетонот за да се постигнат трајни резултати.

Главните придобивки од производите на KRYSTALINЕ, вклучуваат:

  • Намалено образување пукнатини
  • Заштита од контаминација на вода
  • Заштита од корозија на армиран челик
  • Заштита од влијанија на сулфати
  • Намалување на влошени ефекти од карбонација
  • Заштита од продирање на хлоридни јони
  • Заштита од напукнување поради АСР/ААР
  • Во голема мерка зголемување на отпорноста на циклусите на замрзнување и одмрзнување
  • Подобрување на хидратацијата на цементот и автогените затварања на пукнатините
  • Подобрување на физичките својства на бетонот
  • Елиминирање на потребата за мембрански систем
  • Отпорност на високи хидростатски притисоци
  • Ефективност на бетонот во текот на целиот животен век на структурата

Технологијата KRYSTALINЕ

Станува составен дел од бетонот, без оглед на начинот на аплицирање ( мешавина, површинска обработка или суво нанесување)

Тековно и ефикасно за време на целиот животен век на бетонот

Хидрофилна технологија. Присуството на вода само ги подобрува неговите водоотпорни својства, поттикнувајќи образување на дополнителни калциум силикатни хидрати (CSH)

Пониски трошоци за аплицирање и значително намалување на потребата од поправки

Врвна технологија што се користи во стотици проекти ширум светот

Соодветно за употреба во мали и во големи проекти