KRYSTALINE BARRIER COAT

Krystaline Barrier Coat водоотпорен премаз базиран на цемент со висока јачина која е специјално дизајнирана за да креира непропустлива бариера на подлогата. Ја користи нашата единствена кристализациона технологија за да обезбеди ефикасно долгорочно воодотпорно решение со можност за само-затварање (self-healing).

Доколку во иднина се појават пукнатини, кристализационата технологија автономно ќе ги затвори пукнатините во присуство на вода. Тоа овозможува бариерната функција на апликацијата да има продолжен век на функционирање. Krystaline Barrier Coat може да се нанесен како слој од малтер, над бетонски или не бетонски површини.

  • Рана висока јачина
  • Супериорна спостобност за врзување
  • Има висока компресивна и флексибилна јачина
  • Издржлив на хидростатски притисок
  • Не содржи корозивни хемикалии и метали
  • Безбеден при контакт со пивка вода
  • Може да се бојадиса по сушењето
  • Брз и лесен за употреба
  • Ја зголемува издржливоста и ги намалува трошоците за одржување и поправка
  • Супериорни перформански за високо квалитетна работа
  • Се базира на кристална технологија
  • Користете го како водоотпорен малтер при ѕидарии.
  • Може да се употреби над камен или над материјал кој не е од бетон.

Krystaline Barrier Coat за добивање кашеста маса со соодветна конзистентност се меша 4 делови прав и 1 дел чиста вода – волуменски.

Krystaline Barrier Coat се меша 1 минута и 20 секунди со механички миксер. Производот ќе изгледа многу сув во првите 30 секунди од мешањето , но по мешањето од 1 минута ќе се хомогенизира во густа кашеста маса.

Оставете го материјалот да отстои 3 до 5 минути и повторно промешајте. Потоа производот ќе биде подготвен за нанесување. Нанесете го материјалот во 2 слоеви со дебелина од 1 мм по слој.

Нанесете го материјалот на површината со помош на мистрија или четка. Погледнете во упатството за употреба на AP 20.04 за подготовка на површината и упатство за употреба AP 20.05b за детално мешање и инструкции.

ПАКУВАЊЕ

Krystaline Barrier Coat е спакуван во канти од 20kg.

ЧУВАЊЕ

Krystaline Barrier Coat треба да се чува на собна температура ( од 5 до 35 степени), на суво и да не е изолжено на директна сончева светлина. Доколку овие услови се исполнат и произоводот не е отворен, тогаш има рок на траење од 2 год.