KRYSTALINE ADD 1

Krystaline Add1 е нова генерација, кристализирачки хидроизолационен додаток. Дизајниран е за хидроизолација и подобрување на издржливоста на бетонот, користејќи хидрофилна, хидратација за зајакнување, користејќи кристализациона технологија.

Krystaline Add1 се додава лесно директно во процесот на производство на бетонот или во самиот камион со бетон – миксер . Континуирано спречува навлегување на влагата во бетонот реагирајќи каталитички во порите и капиларите за подобрување на процесот на хидратација на цементната компонента во бетонот. Подобрениот процес на хидратација не само што обезбедува водоотпорност на бетонот , туку ја зголемува и можноста за само-затварање (selfhealing) на микро пукнатините во присуство на влага.

 

  • Стопира протекување на вода во бетонот
  • Затвара пукнатини до 0.5 mm
  • Ја заштитува челичната арматура од корозија
  • Тотална и постојана хидроизолација
  • Хидроизолацијата се зголемува со текот на времето
  • Повисока отпорност на бетонот од влијанија на сулфати и хлориди
  • Површината не е подложна на абење и абразија
  • Ефикасно при хридростатски притисок до 12 бари
  • Водоотпорно во сите правци ( позитивна или негативна страна )
  • Паропропусливост
  • Безбеден при контакт со вода за пиење
  • Заменува надворешни мембрани , облоги и сл.
  • Намалува пукнатини до 60 %
  • Ја намаува потребата за вода од приближно 5 %
  • Ја елеминира потребата од останати хидроизолации
  • Со текот на времето се подобрува водонепропустливостта
  • Доколку во иднина се појави вода, се реактивира
  • Се зголемува трајноста на бетонот
  • Фундаменти
  • Подруми
  • Тунели
  • Цевководи
  • Поморски проекти
  • Подводни работи
  • Лифтовски јадра
  • Бетонски ѕидови
  • Бетонски плочи
  • Констуктивни споеви
  • Крајбрежни и пристанишни структури
  • Базени Пречистителни станици
  • Канали
  • Силоси и резорвоари , вклучувајќи и резервоари за вода за пиење
  • Паркинзи

Бетонот е природно порозен материјал , со микропукнатини, шуплини , пори и капилари кои се формираат главно во раните фази на зреење. Колку е поголема меѓусебната поврзаност помеѓу овие шуплини, толку бетонот е попропустлив и се повеќе склон кон оштетување предизвикано од навлегувањето на вода и корозивни агенси. Сепак, технологијата Krystaline Add1 практично ја елиминира порозноста на бетонот и се зголемува издржливоста.

Krystaline Add1 делува со хидрофилна кристализација. Преку каталитичка хемиска реакција помеѓу нехидрираните честички на цементот и водата се создаваат дополнителни не растворливи кристални продукти кои ја пополнуваат капиларната мрежа на бетонот . Овие кристални продукти стануваат составен дел од хидрираната смеса. Добиениот бетон има значително зголемена можност за самостојно затварање на пукнатините и да се спротистави на навлегување на вода под хидростатски притисок 

Krystaline Add1 е сув прав (прашок) кој се додава во бетонот за време на мешањето. Дозирањето е 1 kg на m³. Ја намалува водената компонента за приближно 5 % за постигнување соодветна мешавина (предмет на рецептурата на мешавината и компонентите од суровините). И покрај тоа што бетонот ќе изгледа помалку воден од повеќето бетонски мешавини , тој ќе е полесен за обработка што резултира со зголемена продуктивност. Додадете Krystaline Add1 директно за време на мешањето.Се препорачуват предходни проби

ЧУВАЊЕ

Krystaline Add1 треба да се чува на собна температура (min 5°C и max 35°C), на суво и да не е изложено на директна сончева светлина. Доколку овие услови се исполнат и производот не е отворен , тогаш има рок на траење од 2 год.

ДОЗИРАЊЕ

Дозирање 1kg од Krystaline Add1 на m3 бетон