KRYSTALINE ADD PLUS 2.5
Krystaline Add PLUS 2.5 е специјално создаден кристализационен хидроизолационен додаток за добивање на водоотпорен бетон, намалување на пукнатини и подобрување на квалитетот на бетонот.
Секундарните придобивки вклучуваат зголемено време за сврзување на бетонот, водоредуцирање, намалена топлина при хидратација и зголемена јачина на притисок на бетонот. Krystaline Add PLUS 2.5 е кристализационен додаток кој ефикасно го намалува водо цементниот однос во споредба со останатите кристалнизациони додатоци.
Tестовите покажуваат дека Krystaline Add PLUS 2.5 може да ја намали водата до 15%, во зависнот од рецептурата и степенот на обработка, со што драстично се зголемува јакоста на притисок на бетонот. Во тој случај отпаѓа потребата на други суперпластификатори и водо-редуцирачки хемиски додатоци во бетонот,со едноставна употреба на Krystaline Add PLUS 2.5 постигнуваме зголемена издржливост и долготрајност на бетонот.
- Стопира протекување на вода во бетонот
- Затвара и хидроизолира пукнатини до 0.5 mm
- Ја заштитува челичната арматура од корозија
- Тотална и постојана хидроизолација
- Хидроизолацијата се зголемува со текот на времето
- Висока отпорност од влијанија на сулфати и хлорид
- Ја зголемува јакоста на притисок до 30%
- Површината не е подложна на абење и абразија
- Ефикасен при хидростатски притисок до 12 бари
- Водоотпорност во сите правци
- Паропропусливост
- Безбеден при контакт со вода за пиење
- Заменува надворешни мембрани, облоги и премази
- Фундаменти
- Подруми
- Тунели
- Цевководи
- Поморски проекти
- Подводни работи
- Лифтовски јадра
- Бетонски ѕидови
- Бетонски плочи
- Конструктивни споеви
- Крајбрежни и пристанишни
структури - Базени
- Пречистителни станици
- Канали
- Резервоари за вода
- Паркинзи
Бетонот е природно порозен материјал,со микропукнатини,пори и капилари кои се формираат главно во раните фази на зреење.Колку е поголема меѓусебната поврзаност помеѓу овие шуплини,толку бетонот е попропуслив и повеќе склон кон оштетување предизвикано од навлегувањето на вода и корозивни агенси. Krystaline Add PLUS 2.5 комплетно ја елиминира порозноста на бетонот и ја зголемува неговата издржливост.
Krystaline Add PLUS 2.5 делува со хидрофилна кристализација.Преку каталитичка хемиска реакција помеѓу нехидрираните честички на цементот и водата се создаваат дополнителни не растворливи кристални продукти кои ја пополнуваат капиларната мрежа на бетонот. Овие кристални продукти стануваат составен дел од хидрираната смеса. Добиениот бетон има значително зголемена можност за самостојно затварање на пукнатините и се спротиставува на навлегување на вода под хидростатски притисок.
Krystaline Add PLUS 2.5 е додаток во прав што се додава на бетонот минимална доза од 2,5 kg/m³ и минимална доза од 2 kg/m³ во бетон што содржи GGBFS(Ground granulated blast-furnace slag). Дозирањето е во рамките на BBA сертификатот е 1 % од вкупната содржина на цементот. Служи за редуцирање на водата до 15%. Krystaline Add PLUS 2.5 е компатибилен со повеќето супер пластификатори. Се препорачува да се тестира пред да се употреби.
Додадете Krystaline Add PLUS 2.5 дирекно во бетонот додека мешате. Додавањето може да влијае врз својствата на бетонот. Препорачливо е претходно тестирање.
ДОЗИРАЊЕ
- Мин. 2.5kg/m³, во зависност од рецептурата
- Мин. 2 kg/m³,со GGBFS, во зависност од рецептурата
- Дозирањето во рамките на BBA сертификатот е 1 % од вкупната содржина на цементот.
ПАКУВАЊЕ
Krystaline Add PLUS 2.5 е пакувано во канти од 18kg. Достапно во водорастворлива амбалажа од 1kg која се додава во бетонска мешавина за лесно и рачно дозирање.
ЧУВАЊЕ
Krystaline Add PLUS 2.5 треба да се чува на собна температура (од 5 до 35 степени), на суво и да не е изложено на директна сончева светлина. Доколку овие услови се исполнат и производот не е отворен , тогаш има рок на траење од 2 год.