KRYSTALINE DRY

Krystaline Dry е специјално дизајниранa кристализационa смеса , дизајнирана да се употребува за пополнување на дупки, пукнатини како и дел од Krystaline Joints design системот. Krystaline Dry е повеќенаменски кристализационен малтер кој може да се употреби во различни ситуации и места.

Фукнкционира како кристализациона инјекциска смеса, реагирајќи со не-хидрираните честички од цементот, за да се зголеми калциум силикатниот хидрат во смесата и да пораснат милиони игли – како кристали низ целата маса на смесата. Во период од неколку дена, овие кристали ќе растат, пополнувајќи ги порите и празнините во смесата, трајно блокирајќи ги патеките на вода и контаминирања.

Подоцна, доколку се појават пукнатини на третираните површини како резултат на деформации, надојдената вода го активира процесот на кристализација и дополнително создадените кристали ги запечатуваат настанатите пукнатини, со што водоотпорната бариера на структурата е зачувана и заштитена.

Krystaline Dry се состои од портланд цемент, специјално третиран кварцен песок и активни активни хемиски компоненти.Krystaline Dry се испорачува во форма на прав и потребно е само да се промеша со вода пред употреба

  • Стопира навлегување на вода во дупки и конструктивни споеви
  • Може да се употреби како замена или задно со водо-експандирачката лента
  • Само-затвара пукнатини со дебелина на влакно
  • Се реактивира во присуство на влага
  • Хидроизолацијата се зголемува со текот на времето
  • Водоотпорност во сите правци
  • Наменет е особено за употреба во нови градби како дел од системот за запечатување (tanking систем), но може да се примени и на стар бетон
  • Безбеден при контакт со вода за пиење
  • Отпорен на циклус замрзнување – затоплување
  • Ја заштитува челичната арматура од корозија
  • Зголемена издржливост на градбите, со што се намалуваат трошоците за одржување и репарација
  • Фундаменти
  • Подруми
  • Тунели
  • Цевководи
  • Поморски проекти
  • Подводни работи
  • Лифтовски јадра
  • Бетонски ѕидови и плочи
  • Конструктивни споеви
  • Крајбрежни и пристанишни структури
  • Базени
  • Пречистителни станици
  • Канали
  • Резервоари за вода за пиење
  • Паркинзи

Бетоните пред да се третира со Krystaline Dry треба да бидат чисти и да имаат “отворен” капиларен систем. Отстранете ја нечистотијата, остатоци од цементно млеко, маснотии и др., со помош на хидробластирање, пескарење или чистење со челична четка. Површината мора внимателно да биде водозаситена пред апликацијата на Krystaline Dry, но вишокот на вода мора да биде отстранет. Krystaline Dry се нанесува на заситен бетон.

Истурете вода во чист сад за мешање, а потоа постепено додавајте го прашокот Krystaline Dry во водата при што постојано се меша со мала брзина, се додека не се постигне соодветна густина за нанесување. Измешајте количина што може да се употреби во рок од 30 min. со често промешување на смесата. Доколку смесата почне да стврднува, не додавајте дополнително вода, едноставно повторно промешајте за да ја постигне потребната конзистентност.

Сооднос на мешање : Измешајте 4 делови од Krystaline Dry со 1 дел вода волуменски за добивање конзистентност на густа смеса за нанесување. За пополнување на пукнатини подлабоки од 1.5cm, употребете 0.6 – 1 cm дробен камен или чакал, на 1.5 дел чакал и 4 делови Krystaline Dry.

Третман по нанесување : по нанесување Krystaline Dry, влажнете ја површината со распрскувач на вода 2-3 пати на ден во текот на 3 денови. Можат да се користат и алтернативни методи, како што е покривање на површината со влажен геотекстил. Во периодот на зреење, третираната површина со Krystaline Dry мора да биде заштитена од врнежи, мраз и вода. Контактирајте овластен преставник на Krystaline за подетални упатства за нанесување.

Krystaline Dry е ефикасен хидроизолационен систем единствено за црврсти армирани бетонски конструкции. Мора да се има во предвид дена не може со сигурност да запечати пукнатини и конструктивни дилатациони фуги, кај кои има постојано или повремено движење.

ПОКРИЕНОСТ

  • 1.2 kg/ m‘ на отвор 25mm x 30mm за затварање како репарационен материјал
  • 1.6 kg од Krystaline Dry пополнува околу 1 литар празнина

Покривната повшина е теоретски пресметана и зависи од условите во кој се применува.Треба да се направи тестирање на лице место пред апликацијата.

ЧУВАЊЕ

Krystaline Dry треба да се чува на собна температура ( од 5 до 35 степени), на суво и да не е изложено на директна сончева светлина. Доколку овие услови се исполнат и производот не е отворен, тогаш има рок на траење од 2 год.

ПАКУВАЊЕ

Krystaline Dry се испорачува во канти од 20kg.