KRYSTALINE FIXING GLUE
Krystaline Fixing Glue овозможува брзо и силно фиксирање на Krystaline K-BAR SW и други ленти за стопирање на водата, кон бетонот. Брзото формирање на обвивка и исполнување, овозможува налевање на бетон по неколку часови .Фиксирачкото лепило може да се примени како на бентонитни, така и на полимерни ленти
Не е задолжително нанесување на прајмер кога се нанесува Krystaline Fixing Glue на чиста бетонска површина.
За оптимално лепење, се препорачува чиста, стабилна, обезмастена и обезпрашена површина. Доколку е потребно, се препорачува чистење со ацетон или изопропанол.
Оптимално фиксирање се постигнува доколку целата контактна површина на лентата за запечатување на водата е покриена со лепило.
По лепењето, водо-експандирачката лента за запечатување на водата треба да се притисне надолу, за да се обезбеди целосен контакт со лепилото под него за да се постигне оптимално лепење.
Комплетни упатства за употреба се достапни на Ваше барање.
ХЕМИСКА ОТПОРНОСТ
- Добра : против вода, алифатични растворувачи, масла, масти, неоргански киселини и бази.
- Умерена : естри, кетони и ароматици. .
- Не е отпорен : против концентирани кисели и хлорирани јаглеводороди.
- Комплетно отпорен на вода.
ПАКУВАЊЕ
Krystaline Fixing Glue е пакувано по 12 туби од 290 ml во пакет.
ЧУВАЊЕ
Максимум 15 месеци од датумот на производство во оригиналното неотворено пакување. Складирањето се препорачува во сув простор со температура помеѓу +5ºC до +25ºC.
Безбеден производ. Не подлежи на класификација со оглед на тековните GHS (Globally Harmonized System) регулативи. Важни информации за работата и безбедноста на животната средина можат да се најдат во MSDS (material safety data sheet ).