KRYSTALINE K-BAR SW
Krystaline K-BAR SW е хидрофилна водо-стопирачка лента базирана на синтетичка гума што делува како водоотпорно запечатување на градежни споеви со одлични способности за експандирање. K- Bar SW е создаен за запечатување во контакт со високи концентрации на сол ( морска вода, ѓубрива и др). Ја задржува својата форма по повеќе суво-влажни циклуси. Механичка фиксација се препорачува со Krystaline fixing glue за ленти кои се водо – експандирачки. Алтернативно, Krystaline K-BAR SW може да се фиксира со заковување.
Целосна добра хемиска отпорност, но ве советуваме да бидете внимателни со агресивни масла и горива, со растителни масла и силни агресивни растворувачи. Контактирајте го нашиот оддел за продажба за детални и специфични информации. Производот останува конзистентен во своите перформанси во текот на целиот животен циклус, а флексибилноста му овозможува да пополнува празнини и пукнатини во непосредна околина.
- Наменет за лесно запечатување на градежни споеви во бетонски и армирано-бетонски конструкција. Krystaline K-BAR SW запечатува кога нема, но и кога има притисок од подзема вода до 6 бари. Krystaline K-BAR SW може да се користи во повторени суво – влажни циклуси.
- Krystaline K-BAR SW е развиен за запечатување во контакт со високи концентрации на сол (морска вода, ѓубрива и др).
- Krystaline K-BAR SW во сите слчуаи треба да биде квадратно засечен и затегнат за да обезбеди континуиран пресек со мин.80 мм
- Krystaline K-BAR се применува вертикално и хоризонтално,но во никој случај не треба да се користи во дилатациони фуги (експандирачки фуги).
Механичко фиксирање се препорачува со Krystaline fixing glue. Алтернативно, Krystaline K-BAR SW лентата може да се фиксира со заковување приближно на секои 30 cm.
Производот може да се лепи на бетон, метал и ПВЦ цевки со Krystaline fixing glue. Лепилото за фиксирање обезбедува добра врска дури и на малку не рамни површини и влажни бетонски површини ( видете одделни TDS за детални информации).
Упоребата на жица за врзување околку Krystaline KBAR SW во случај на прицврстување на ПВЦ цевки, се препорачува заедно со лепилото.
ПАКУВАЊЕ
Krystaline K-BAR SW е во ролни од 10 m, 7 ролни во кутија. Секоја палета содржи 30 кутии со вкупна должина од 2100 m.