KRYSTALINE M60

Krystaline M60 е високо-јакосна,хидроизолациона , тиксoтропна, кристализациона смеса со можност за само-затварање, особено дизајнирана за ситуации каде што е потребно јакост на притисок поголема од 60 MPa. Krystaline M60 се препорачува како алтернатива за Krystaline Dry со висока јачина и ниско собирање.Специјално е формулиран со докажаната технологија на Krystaline, која ги комбинира сопособеностите за самолекување со високо набиена фуга со супериорна цврстина

  • Висока рана јачина
  • Супериорна способност за врзување
  • Многу висока цврстина на притисок и виткање
  • Издржува хидростатски притисок
  • Не содржи корозивни хемикалии или метали
  • Безбедно за контакт со вода за пиење
  • Може да се бојадисува по стврднувањето
  • Брз и лесен за употреба
  • Трајна хидроизолација
  • Зголемената издржливост ги намалува трошоците за одржување и поправка
  • Супериорни перформанси што ја подобруваат вашата репутација за висококвалитетна работа
  • Кристализациона технологија
  • Репарација на пукнатини, споеви и отвори
  • Хидроизолира отвори во бетонски ѕидови
  • Репарира оштетен или сегрегиран бетон
  • Може да се користи над камени и не-бетонски површини
  • Може да се нанесе како површински слој над големи површини без пукање

Krystaline M60 се меша (5.5 дела прав со 1 дел чиста вода волуменски), и се нанесува на подготвената подлога со мистрија.

За длабоки отвори или повеќеслојно нанеусвање Krystaline M60 може да се нанесе со дебелина меѓу 7 mm и 60 mm во еден слој (7 до 40 mm за нанесување надземно).

Направете ја груба површината ако треба да се нанесат дополнителни продукти над Krystaline M60.

ПОКРИЕНОСТ

  • 1.4 kg/m’ да исполни отвор 30 mm x 25 mm.
  • 1.9 kg Krystaline M60 исполнува 1 литар празнина.
  • 1.9 kg/m² на mm се нанесува како премаз.

Покриеноста е теоретска и зависи од локалните услови. Тестирањето треба да се направи на лице место пред аплицирањето.

ЧУВАЊЕ

Krystaline M60 треба да се чува на собна температура (мин.5°C и макс.35°C), на суво и не е изложено на директна сончева светлина. Доколку овие услови се исполнат и прозиводот не е отворен, тогаш има рок на траење 12 месеци.

ПАКУВАЊЕ

Krystaline M60 се испорачува во канти од 25kg.